Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавината во Италија уби 21 лице, по другите се трага

Лавината во Италија уби 21 лице, по другите се трага

21 лице загинаа во италијанскиот хотел, затрупан од снежна лавина минатата недела. 

Спасувачките екипи ги извадија ноќе останките на уште три лица кои загинале, кога лавина затрупа хотел во централна Италија минатата среда, пренесоа агенциите, повикувајќи се на противпожарната служба.

Со тоа вкупниот број на жртви достигна 21. Осум лица остануваат исчезнати. 

Единаесет лица преживеаја. 

Италијанското обвинителство започна истрага за трагедијата. Лавината го затрупа планинскиот хотел по снежни бури и неколку силни земјотреси.

Многу гости на хотелот сакале да си заминат пред трагедијата, но не успеале, бидејќи патот бил блокиран од снегот.

Слично

Поврзани вести