Лавина затрупа туристи во Русија - загина девојче
Снежна лавина затрупа туристи во Русија, при што загина едно девојче.
Од Министерството за вонредни состојби потврдија дека 38 луѓе, главно малолетни деца, биле загрозени од лавината, но се евакуирани. ТАСС објави дека освен оваа група туристи, евакуирана е и група туристи која одела по истата рута отако нивниот водач решил да сопре.
„Во акцијата во која учествуваа 48 професионални спасувачи и користена е специјална опрема, вкупно 38 лица превезени се во привремен камп, вклучително и 31 малолетни деца, Поради влошување на временските услови, донесена е одлука загрозените луше со железница да се пренесат во градот Апатити“, соопшти министерството.
Снежната лавина паднала на група туристи во Мурманската област во понеделникот навечер, а локалните власти потврдија дека тројца тинејџери биле заглавени во снегот, од каде двајца набрзо се спасени, додека едно девојче починало. Инцидентот се случил на планините Хибин. И инспекторите и вештаците по судска медицина излегоа на местото на настанот.
