Лавина затрупа десет лица, спасувачката акција е во тек
Во швајцарскиот кантон Вале од лавина се затрупани десет луѓе, соопштија локалните власти.
Според портпаролот на полицијата, Стив Леже, инцидентот се случил во областа Фено, во близина на границата со Франција на надморска височина од 2500 метри.
Спасувачката акција по затрупаните е во тек, а засега нема информации за судбината на исчезнатите.
Слично
