Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавина зафати скијачки центар во Италија - на социјалните мрежи се споделуваат драматични снимки

Лавина зафати скијачки центар во Италија - на социјалните мрежи се споделуваат драматични снимки

Драматични моменти беа забележани на Алпите откако голема лавина го зафати планинскиот терен во Италија и Франција, загрозувајќи десетици скијачи. 

Инцидентот се случи во близина на италијанскиот скијачки центар Курмајор, во близина на жичарницата Зерота во Вал Вени, кога снежна покривка се спушти по планината со голема брзина, зафаќајќи ги скијачите кои се обидоа да избегаат.


Видео споделено на социјалните мрежи ја покажува лавината како минува преку високи борови дрвја, додека скијачите со деца се обидуваат да избегаат во паника. Сè уште не е познато дали има повредени, но инцидентот се случил само неколку дена откако две лица загинаа во слична лавина во истиот скијачки центар. Италијанските власти распоредија 15 спасувачи, три единици со кучиња и два хеликоптери во спасувачката операција.


Паралелно, трагедија е регистрирана и во Франција, каде што лавина во Ла Грав одзеде животи на еден британски и еден полски државјанин. Еден француски водич беше повреден, додека двајца скијачи од Германија и Австралија избегаа неповредени. Неодамна, лавина во Вал-д’Изер однесе тројца скијачи, меѓу кои и двајца Британци, а трет преживеа откако се ископа од снегот, објавува „Дејли меил“.

Експертите предупредуваат дека повеќето смртоносни несреќи во зимските спортови во Франција, Италија, Швајцарија и Австрија се случуваат надвор од пистата, на незаштитени падини. Лавините се одговорни за околу половина од овие смртни случаи, а во Франција, во просек, околу 25 луѓе умираат секоја зима поради лавини. Оваа сезона, досега се регистрирани најмалку 25 смртни случаи предизвикани од лавини.

Скијачките центри во Италија и Франција се под висок ризик од лавини по свеж снег и нестабилна снежна покривка. Скијачите се предупредени да ги избегнуваат областите надвор од пистата кога нивото на опасност е повисоко од три.

Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести