Лавина во Италија однесе човечки живот
Две силни лавини се случија денес во италијанско скијалиште во областа Алто Адиџе, а во несреќата загинало едно лице, додека три биле повредени, пренесуваат италијанските медиуми.
На падините од ова скијалиште во моментот на лавината се наоѓале десетина скијачи, кои подоцна биле префрлени на безбедна локација со хеликоптер на брзата помош.
Во лавината настрадал еден маж, пренесуваат медиумите не наведувајќи притоа прецизни детали за несреќата.
Други две лавини денеска ги погодија патеките во блиските области Белависта и Пунто ди Салдура, а властите за сега претпоставуваат дека во нив нема настрадани, иако и понатаму трае потрагата по евентуални жртви.
Слично
