ЛАВИЦАТА СЕ УШТЕ ШЕТА НИЗ БЕРЛИН: Никој не знае од каде избегала, видена на 30 метри од станбена зграда
Потрагата по наводно побегната лавица во предградието на Берлин не дала резултати, а големата полициска акција за пребарување, во која учествуваат и професионални трагачи на животни, не довела до откривање на никаква трага, ниту пак нови изјави на сведоци дека го виделе животното, соопшти утрово полицијата.
Потрагата сега се одвива во шумата и ќе се интензивира, по неуспешната потрага од четвртокот, која траеше цела измината ноќ, во која учествуваа околу 100 полицајци.
„Професионални ловци на животни ќе ја пребаруваат шумата“, најави градоначалникот на берлинското предградие Клајнмахнов, Мајкл Груберт.
Портпаролот на бранденбуршката полиција изјави дека изутринава продолжила интензивната потрага и дека во потрагата ќе се користат и беспилотни летала.
"Lion Queen" (Berlin Edition)#Loewin pic.twitter.com/GbcY7HDiU3
— Mariyam Sofi (@mariyam_sofi) July 21, 2023
Истражните органи веруваат дека оригиналната снимка од неколку секунди на мобилниот телефон на сведокот го покажува животното како се прикрадува меѓу грмушки и дрвја.
Во четвртокот попладне и навечер во близина на јужната граница со Бранденбург имаше и други можни видувања на лавица во областа Берлин и како резултат на берлинската полиција ја концентрираше својата потрага во областа Зелендорф.
Државната канцеларија за животна средина на Бранденбург во четвртокот објави дека во државата се регистрирани 23 лава од шест сопственици на животни (три циркуски компании, две зоолошки градини и еден приватен сопственик).
Берлинската полиција во четвртокот ги предупреди граѓаните дека се верува дека лавица е на слобода во југозападните предградија на германската престолнина.
Жителите се предупредуваат да не ги напуштаат своите домови и да ги чуваат домашните миленици во затворени простории.
These Mzumgus are complete woooos's
— info Pap! (@infopap) July 20, 2023
1 random lion siting and the whole city is under lockdown and the army out with guns. #Berlin
This lion was sighted in rongai on cctv everyone shrugs tunes in to #maandamano3
It's just a lioness!!! pic.twitter.com/zujElCScgX
Животното, за кое постои сомневање дека е побегната лавица, наводно било забележано во четвртокот во регионот Потсдам на периферијата на германската престолнина, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека во акцијата за пронаоѓање на животното учествуваат и ветеринари и ловџии.
Полицијата соопшти дека информации за присуството на животното добила од сведоци кои го снимиле како напаѓа и убива дива свиња.
Фото: Принтскрин/Твитер
