Латвија во 2014 влегува во еврозоната
Латвија ќе стане 18-та земја која ќе го користи еврото, откако доби одобрување за членството од Европската комисија. Комисијата потврди дека балтичката земја ги исполнила критериумите за придружување кон едиствената валута, пренесе Би-Би-Си.
Според договорот Латвија ќе се приклучии кон еврозоната на 1јануари 2014 година,соопштија од Министерството за финасии на балтичката република.
Претходно британскиот весник „Financial Times" објави дека Европската комисија е загрижена од големиот обем странски депозити во латвискиот банкарски сектор. Таа одлучи да го посочи тој факт во својот заклучок за поканата на балтичката земја да се приклучи кон еврозоната. Кон крајот на април странскиот капитал достигна до 49 отсто од тоталното депозитно портфолио на Латвија.
Слично
