Латвија ќе влезе во еврозоната во 2014 година
Министрите за финансии и економија на 28-те членки на Европската унија ја одобрија одлуката Латвија да го усвои еврото како своја валута од 1 јануари 2014 година, соопшти денеска Европскиот совет.
Курсот по кој ќе се менува валута ќе биде 0,702804 лати за 1 евро.
Латвискиот премиер Валдис Домбровскис ја поздрави одлуката како “добра вест за Латвија и за еврозоната”.
Латвија ќе биде 18-та членка на еврозоната.
Слично
