Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Лас Вегас сендс“ со свое казино во близина на Мадрид

„Лас Вегас сендс“ со свое казино во близина на Мадрид

И покрај протестите во Барселона, главниот град на Шпанија ја доби битката американската фирма „Лас Вегас сендс“ да  започне со проектот за изградба на огромно казино во близина на Мадрид, во чии рамки би можело да бидат отворени до 200.000 работни места, соопштија градските власти.

- Шест години откако е најавен спорниот проект, компанијата предводена од американскиот милијардер Шелдон Аделсон ќе започне изградба на казино на земјиште од 750 хектари во Алкоркон, на околу 15 километри југазападно од Мадрид, изјави претседателот на регионалната Влада Игнасио Гонзалес.

Во рамки на проектот ЕвроВегас во следните 15 години ќе бидат изградени четири комплекса казина и 12 хотели со 36.000 соби, девет театри, три голф терени и бизнис центри.

Мадридскиот регион се бореше да го привлече проектот во време кога невработеноста во Шпанија изнесува рекордни 26 отсто.

„Лас Вегас сендс“ му даде предност на Мадрид во однос на Барселона по повеќемесечните преговори со властите на овие два града.

Критичарите сметаат дека казиното ќе ги поттикне проституцијата и криминалот и ќе доведе до нов колапс на пазарот за недвижности.

Слично

Поврзани вести