Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лас Вегас повеќе не е најкоцкарскиот град

Лас Вегас повеќе не е најкоцкарскиот град
Во светот има доволно места на кои можете да се збогувате со сите свои заштеди, ако се обложувате на црно. Вистинскиот коцкар ќе се сети прво на Лас Вегас , кога станува збор за ризик и „лесни " пари - ова е коцкарски рај за покер масите, рулет и вооружени разбојници. Имаме сепак една лоша вест за Американците - Лас Вегас одамна не е градот со најголеми облози. Вистинскиот кандидат за коцкарска Мека се наоѓа во Кина и може да се пофали со пет пати поголема површина од Лас Вегас . Станува збор за полуавтономната кинеска провинција Макао, која во 2006 година беше крунисана со наградата за најдобра коцкарска дестинација. Годишните облози се околу 600 милијарди долари, што според груби пресметки , е износот симнат од банкоматите во САД. И покрај својата големина, Макао не може да се пофали со пенливи светла или најгласните машини, напротив - таму ќе најдете повеќе традиционални игри со карти и рулети, бидејќи босовите преферираат човечко учество во играта. Најголемото казино во покраината е реплика на казино во Лас Вегас , а сопственикот Шелдон Аделсон подготвува нов проект кој ќе биде изграден на кејот на градот. Планираните димензии се двапати поголеми од сегашната коцкарска установа.   А.А.
Слично

Поврзани вести