Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ланското лето најтопло, како ќе биде годинава?

Ланското лето најтопло, како ќе биде годинава?

Земјата лани беше рекордно топла што е трета година по ред, соопштија научниците. 

Се смета дека најголем виновник е глобалното затоплување предизвикано од човечкото дејствување, како и природниот феномен Ел Нињо. Американската вселенска агенција НАСА и Националната управа за океани и атмосфера соопштија дека 2016 година ја надмина 2015 година како најтопла година од кога постојат податоци за мерење. Пресметано е дека просечната глобална температура лани била 14,84 Целзиусови степени што е за 0,04 степени повеќе од 2015 година.

Трета година по ред, температурите се на дозволениот праг за глобално загревање.

Пирс Форстер, експерт за клима од Универзитетот во Лидс, рече дека ова година веројатно ќе биде постудена.


Слично

Поврзани вести