Лани во зелена енергија, годинава Јапонија вложува во оружје
Јапонија додава дополнителни средства за одбраната. Владата одлучи да го дополни буџетот од оваа област со нови 212,4 милијарди јени (околу 24 милијарди долари), што е најголема сума за одбраната на Јапонија по крајот на Втората светска војна.
За разлика од претходните години, кога вакви помали финансиски дополнувања се користеа за невоени цели, како на пример купување еколошки чисти автомобили за војската или зголемување на енергетската ефикасност на воените објекти, сега дополнителните милијарди ќе бидат наменети за купување оружје.
Дополнителните средства треба да се искористат за снабдување со нови ракети Патриот,за воени хеликоптери и за модернизирање на авионите.
Слично
