Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лани во европска земја на секои 12 минути по едно дете е пријавувано за исчезнато

Лани во европска земја на секои 12 минути по едно дете е пријавувано за исчезнато

Во Европа на секои две минути исчезнува по едно дете. На секои 12 минути, едно дете е пријавувано како исчезнато лани во Франција.

Невладината организација „Исчезнати деца во Европа“ (Missing Children Europe) по повод 25 мај Меѓународен ден на исчезнатите деца oбјави дека во Европа годишно исчезнуваат 250. Мрежата на европски бесплатен телефон 116 000 за помош за исчезнати деца лани примила вкупно 70.855 повици поврзани со 6. 668 случаи. Мрежата им се обезбедува на децата и семејствата бесплатна и непосредна емоционална, психолошка, социјална, правна и административна поддршка 24 часа секој ден.

Лани 337 деца го напуштиле семејниот дом, од кои 283 деца биле над 14 години. Од институции избегале 1. 198 деца, а најголем број се момчињата на возраст над 14 години.

Дури две третини од децата кои побегнале во рок од една недела се враќаат, но доколку не се промени ситуацијата поради која тие побегнале, шансите за повторно бегство се поголеми.

foto EPA

Слично

Поврзани вести