Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ламбда, сојот кој се појави во Перу е поголема опасност од делта сојот

Ламбда, сојот кој се појави во Перу е поголема опасност од делта сојот

Новиот сој на коронавирусот – ламбда, кој веќе се прошири низ 27 држави во светот, би можел да стане сериозен проблем за светот и да доведе до повторно појавување на пандемијата, пишува „Скај њуз“.

Тој првпат беше откриен во Перу и за краток временски период, од локален вид со само неколку случаи, стана доминантен и одговорен за 80 отсто од инфекциите во земјата. Од таа причина, научниците од Универзитетот во Сантијаго, Чиле, направија студија, во која ја испитаа отпорноста на овој сој на заштитата која ја обезбедуваат антителата. Имено, првите резултати од оваа неофицијална студија се загрижувачки. Ламбда се чини дека е позаразен и може да ги заобиколи антителата. 

Молекуларниот биолог Пабло Цукајама, од Универзитетот во Лима, вели дека ламбда се шири побрзо од другите мутации.

„Имавме 200 лица кои беа заразени со ламбда во декември. До крајот на март половина од луѓето позитивни на ковид-19 во Лима беа заразени со овој вид“, вели Цукајама.

СЗО го класифицираше видот ламбда во категоријата „под опсервација“ и тие ја оправдаа таа одлука велејќи дека овој вид доведува до честа инфекција. 

Овој сој веќе го има во Европа. 

Слично

Поврзани вести