Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАЈЧАК ЗА СЛУЧАЈОТ ЕПСТИН: Денес ја плаќам цената за тоа што го познавам

ЛАЈЧАК ЗА СЛУЧАЈОТ ЕПСТИН: Денес ја плаќам цената за тоа што го познавам

Поранешниот словачки дипломат Мирослав Лајчак се jaви со реакција по објавувањето на e-пораките што го поврзуваат со случајот не сексуалниот престапник, Џефри Епстин. Во кратко интервју за словачкото радио, тој призна дека некои од неговите комуникации биле несоодветни, пренесува Еуроњуз.

„Покажав лоша проценка… изрази на машко его. Тие е-пораки беа самодоволни разговори“, рече Лајчак, додавајќи дека не се сеќава добро на пораките во кои се споменуваат девојките.

Тој нагласи дека неговиот однос со Епстин бил „само на ниво на комуникација, а не на дејствување“.

„Денес ја плаќам цената за тоа што го познавам“, кажа Лајчак.

Лајчак се оправда дека доколку однапред ја знаел криминалната природа на постапките на Епстин, немало да комуницира со него и не може да ја потврди целосната точност на сите пораки што циркулираат.

По објавувањето на документите, Лајчак ја објави својата оставка од функцијата советник на словачкиот премиер Роберт Фицо, додавајќи неизвесност во неговиот професионален ангажман во дипломатијата.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести