Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лагард задоволна од источно-европскиот блок, добро се справува со кризата

Лагард задоволна од источно-европскиот блок, добро се справува со кризата
„Пет години по избувнувањето на кризата, најлошото е веројатно зад вас, повеќето земји бележат обновување на растот”, изјави денеска директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард која ја пофали храброста на источно-европски земји во справувањето со економската криза. Според Лагард само две земји во 2013  ќе останат во рецесија. Станува збор за Хрватска и Словенија, посочи првиот човек на ММФ. Според последние податоци просечниот раст во Источна Европа е позитивен во првиот квартал, додека БДП-то во ЕУ бележи пад за 0,1 проценти. Латвија е предводник на источно европскиот блок  со раст од 1,4 отсто. По неа е Литванија која забележа 1,3% раст. Минатата недела, реномираната институција ја намали прогнозата за економскиот раст и во еврозоната и во светски рамки.
Слично

Поврзани вести