Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лагард: САД се сериозна закана за светската економија

Лагард: САД се сериозна закана за светската економија
Евентуалниот неуспех на САД да ја подигне границата на задолжување претставува многу сериозна закана за светската економија, изјави директорката на ММФ, Кристин Лагард. Лагард наведе дека американската влада треба да ги доведе своите долгорочни финансии во ред, наведувајќи дека од клучно значење е да се договори нов лимит за задолжувањето. Американскиот претседател Барак Обама и лидерите од Конгресот веќе со денови не можат да се договорат околу буџетот, што доведе до делимичен прекин на работата на владата, па повеќе од 700.000 вработени се пратени на неплатен одмор, а бројни национални паркови, интернет страници и државни агенции се затворени. Американското Министерство за финансии денеска, исто така, предупреди на евентуален банкрот на САД, до кој би можело да дојде ако границата на дозволениот долг не биде подигната, и може да биде предизвикана финансиска криза како онаа што беше во 2008 година, а можеби и полоша.  
Слично

Поврзани вести