Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лагард повика да се затворат одредени банки

Лагард повика да се затворат одредени банки
Кристин Лагард, директорот на ММФ ги повика европските влади да ги зајакнат реформите на банкарскиот сектор и ако е тоа потребно одредени банки да се затворат. Лагард во говорот на Економскиот клуб во Њујорк, изјави дека еврозоната направила многу добри резултати во решавањето на должничката криза, но има уште многу работа да се поправи работењето на банкарскиот сектор. Таа додаде дека недоволната работа на зајакнување на комерцијалните банки спречува водење на  прилагодлива монетарната политика која ќе им овозможи обезбедување на евтини заеми на клиентите. “Приоритетот мора да биде уредување на банкарскиот систем преку докапитализација, реструктуирање и затворање на банките каде што е потребно”, рече директорот на ММФ.
Слично

Поврзани вести