Лагард останува сведок во случајот Бернард Тапи
Директорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард доби статус на "набљудуван" сведок во случајот против магнатот Бернард Тапи, соопштија светските агенции.
Според француското законодавство против "набљудуваните" сведоци нема покренато обвиненија, но врската со кривичното дело не се исклучува.
Во петокот Лагард се појави пред судот за да ја оправда одлуката како министер за финансии на Франција да побара арбитражен суд за решавање на спорот со бизнисменот Бернар Тапи во 2007 година, кога дојде до продажба на познатата спортска марка Adidas. За продажбата беше создаден конзорциум, управуван од банката „Credit Lyonnais“. По трансакцијата Тапи ја обвини банката за малверзации и побара обештетување. Арбитражниот суд пресуди државата да му плати на Тапи солидна отштета од 285 милиони евра, која со камата достигна до 400 милиони евра.
Лагард изјави дека не е изненадена од одлуката на судот и додаде дека секогаш дејствувала во интерес на државата и според законите.
„Статусот на набљудуван сведок не е изненадување за мене, бидејќи секогаш сум дејствувала во интерес на државата и во согласност со законот. Сега можам да се вратам во Вашингтон и да продолжам работата за ММФ ", изјави Лагард.
Слично
