Лагард: На скромно ниво ќе остане Глобалниот стопански раст оваа година
Директорката на ММФ Кристин Лагард смета дека глобалниот стопански раст оваа година ќе остане на скромно ниво, оценувајќи дека е се повидливо оти има три брзини на движење во светската економија.
- Сведоци сме на еволуција на светската економија која почнува да се движи во три брзини, рече Лагард.
Според неа, земјите во развој се со најголема брзина, во втората брзина се стопанства во фаза на заздравување, како САД, Шведска и Швајцарија, а со најмала брзина се државите кои се се уште во криза, како што се членките на еврозоната или Јапонија.
– Благодарение на напорите на одговорните луѓе од политичките и монетарни структури на власта, актуелната економска реалност не е повеќе толку опасна како што беше пред шест месеци, рече Лагард.
Слично
