Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лагард: Избегнат е распад на еврозоната, но требаат мерки за економско заздравување

Лагард: Избегнат е распад на еврозоната, но требаат мерки за економско заздравување

Развиените земји треба да го поттикнат економскиот раст и да преземат решителни мерки за надминување на глобалната криза што трае веќе пет години, побара Кристин Лагард, извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Таа истакна нагласи дека Европа, Јапонија и САД заостануваат во спроведувањето мерки за воспоставување на цврст и одржлив глобален економски раст.

Според Лагард, светската економија се уште се справива со големи проблеми, а сеуште постои ризикот од продолжен период на слаб економски раст.

„Се уште е присутна длабока загриженост за економските мерки што се применуваат, како и пречките за економско заздравување, вклучително и ограничениот напредок на пост-кризните реформи“, рече Лагард и нагласи дека едно од поголемите достигнувања е успешно избегнатата економска катастрофа, како што е распадот на еврозоната.

„Американските јавни финансии остануваат во неодржлива состојба и потребен е сеопфатен план за остварување поголеми приходи. Во Јапонија, една од земјоте со најголем јавен долг во светот, спроведувањето на краткорочни стимулирачки пакети го зголемува ризикот на државните финансии, поради што официјален Токио мора да разработи план за фискална консолидација и стратегија за раст“, предупредуваат од ММФ.

Лагард во однос на Европа, нагласи строгите мерки за штедење наметнати врз периферните земји членки на еврозоната како Грција, Италија и Португалија резултираат со исцрпеност од прилагодување и раст на тензиите околу праведноста на тие мерки.

Слично

Поврзани вести