Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лагард: Индија е светла точка меѓу новите пазари

Лагард: Индија е светла точка меѓу новите пазари

Според директорката на Меѓународниот монтарен фонд Кристин Лагард, Индија има можност да се претвори во една од најдинамичните економии во светот, со оглед на тоа дека по доаѓањето на власт на премиерот Нарендра Моди, инфлацијата е намалена за околу 5 отсто, а БДП забележува раст од 7,4 отсто.

За време на дводневната посета на Индија, Лагард изјавила дека државата сега е на пат да стане клучна точка за покренување на глобалниот раст.

Кон тоа има придонес и падот на светските цени на нафтата, со оглед на тоа дека Индија е една од најголемите увозници на нафта во светот.

Според Лагард, економското закрепнување изгледа ветувачко во САД и во Велика Британија, но е ниско во Јапонија и Европската Унија. Таа смета глобалното економско закрепнување се уште е премногу бавно, преслабо и неурамнотежено.

Слично

Поврзани вести