Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лагард: Грција да ја забрза борбата со даночните должници

Лагард: Грција да ја забрза борбата со даночните должници
Генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард апелираше до Грција да ја забрза борбата со даночните должници. - Грција ги има сите квалитети за да си ја определи судбината, европските партнери покажаа дека ја поддржуваат и дека ќе го прошират нејзиното финансирање ако тоа е потребно, но под услов ако Грција се придржува до преземените обврски, изјави Лагард во интевјуто за атинскиот весник „Етнос“. ММФ неделава деблокира две транши за помошта за Грција во висина од вкупно 3,2 евра кои беа замрзнати неколку месеци поради огромниот долг на Атина.
Слично

Поврзани вести