Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лагард: Еврото има долга иднина

Лагард: Еврото има долга иднина

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард оцени дека еврото има сигурна иднина, изразувајќи надеж дека на ниту една европска земја во иднина нема да и биде потребен план за спас од ЕУ и ММФ.

- Сметам дека политичката воља за одржување, охрабрување и зајакнување на еврозоната во голема мерка беше запоставувана. Пред еврото е иднината и тоа долгорочна, истакна Лагард.

Таа смета дека сукцесивните должнички кризи во земјите од еврозоната ја намалиле довербата на светските пазари.

Осврнувајќи се на кипарскиот проблем, Лагард истакна дека тоа е единствен случај и дека стопанството на оваа земја претставува само 0,2 отсто од европската економија.

Слично

Поврзани вести