Лагард е против избрзаното откажување од монетарните стимулации
Меѓународниот монетарен фонд смета дека таканаречените „нетрадиционални мерки на парично-кредитната политика“ беа и остануваат корисни, изјави генералниот директор на ММФ, Кристин Лагард на традиционалниот семинар на Федералните резерви на САД во Џексон Хол, пренесе ИТАР-ТАСС.
Таа ги предупреди централните банки од целиот свет дека е премногу рано да ги укинуваат своите стимулативни програми.
Лагард укажа дека според оценките на аналитичарите на Фондот програмата на квантитативните олеснувања претставува монетарно стимулирање на американската економија.Според нејзината оценка во целина, користењето на неконвенционални монетарни стимулации е позитивно, а истакна и дека не поддржува како што рече, избрзани откажување од програмите.
Според Лагард ваквите програми се потребни таму каде што се применуваат, иако ефектите во различни региони се сосема различни. Според генералниот директор на ММФ тие ќе и бидат потребни уште долго време на Европа и Јапонија, но и за економиите во развој.
Благодарение на оваа политика од 2008 година, смета Лагард, вкупниот чист прилив на капитал од овие земји пораснал за за 1,1 трилиони долари или за 470 милијарди долари од долгорочниорте очекувања за овој индикатор.
„Во многу од овие земји на подолг рок вредноста на акциите се зголемуваат, а во поголемиот дел од регионите цените на недвижностите растат“, истакна Лагард.
Таа многупати изрази загриженост од сегашното забавување на темпото на раст во земјите со економии во развој, велејќи дека тоа може “да го ослабне растот во светот како целина".
Главна тема на говорот на генералниот директор на ММФ беше потребата од меѓународна соработка во интерес на економска реконструкција и развој.
„Располагаме со можности за меѓународно координација и соработка во областа на економската политика, за да постигнеме подобри резултати во светски рамки. Ниту една држава не живее сама за себе. Во современиот свет секундарните ефекти од внатрешната политика, вклучувајќи ги и нетрадиционалните монетарни стимули, може да отскокнат и да се вратат на својот извор. Ако се земе во предвид поширокото влијание на преземените мерки, тогаш тие ги исполнуваат општите очекувања“, категорична е Лагард.
Слично
