Лагард: Cубвенциите во енергијата треба да се укинат, бидејќи охрабруваат поголема потрошувачка на енергија
Владите ширум светот треба постепено да ги укинуваат субвенциите за енергија, како прв чекор кон решавањето на проблемите со климатските промени, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.
Cубвенциите, според неа, особено за фосилни горива, само охрабруваат поголема потрошувачка на енергија и несразмерно им користат на богатите луѓе кои може да си приуштат поголема потрошувачка, наместо да им користи на сиромашните.
Таа рече дека во светот вкупно се даваат 485 милиони долари за субвенции во енергијата, кои би требало постепено да се укинат.
Слично
