Лагард: Брегот на слоновата коска ќе стане ново економско чудо
Генералната директорка на ММФ Кристин Лагард изјави дека верува дека Брегот на слоновата коска ќе стане ново економско чудо, по децении на политичка криза, но под услов властите во Абиџан да спроведат борба против вкоренетата корупција. Генералната директорка на ММФ Лагард во своето обраќање до пратениците на собранието на Брегот на слоновата коска, го пофали стопанскиот раст од над 8,5 отсто во таа земја на западниот брег на Африка во 2012 година, по падот од 4,7 проценти претходната година.
- Времето за второ чудо дојде по крајот на кризата која за малку ќе ја распарчеше најголемата економска сила на западна франкофонска Африка - изјави поранешната француска министерка за стопанство.
Слично
