Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУВАЈЦИТЕ СЛАВАТ: Најдоа нова оаза на „црно злато“

КУВАЈЦИТЕ СЛАВАТ: Најдоа нова оаза на „црно злато“

Со енергети богатиот Кувајт објави откритие на ново нафтено и гасно наоѓалиште на западот на тој пустински емират.

Истражувачките испитувања направени на новото поле Ал-Јатхагатли потврдуваат „охрабрувачка и висока економска исплатливост“, соопшти државната Кувајтска нафтена компанија, пренесе АФП.

„Се очекува количините на нафта и гас да се удвојат до крајот на испитувањата“, навеле од компанијата, не изнесувајќи податоци за проценките на резерви на нафта и гас на новото наоѓалиште.

Кувајт во моментот пумпа околу 2,8 милиони барели нафта дневно, а земјата „лежи“ на 6,8 одсто од вкупно светски резерви на „црно злато“, според проценките на Организацијата на земјите извознички на нафта , наведува француската агенција.

Слично

Поврзани вести