Кувајт ги зголемува цените на бензинот
Владата на Кувајт го одобри зголемувањето на цените на бензинот.
„Министерскиот совет ги следи препораките на економската комисија и пресуди да се започне процесот на рационализација на субвенционирање на горива, кој ќе стане дел од економските реформи“, гласи официјлното соопштение на властите.
„Новата ценовна политика ќе биде воведена од 1 септември“, се вели во соопштението. Зголемувањето е на ниво 41% за бензин А-91, 61% - за А-95 и 83% за А-98. Речиси двојно зголемување на цените на последниот вид гориво се должи на фактот дека уделот на потрошувачката на пазарот е не повеќе од 2%. Така Кувајт стана последната земја во составот на Советот за соработка на арапските земји од Персискиот залив - Саудиска Арабија, Катар, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Оман и Бахреин, која објавува целосно или делумно намалување на државните субвенции на цените на горивата. Во иднина цената на бензинот ќе се ревидира на секои три месеци во согласност со светските цени на нафтата.
Причина за мерката е значителното влошување на ситуацијата на пазарот на нафта. Според првичните проценки за финансиската 2016/2017 година буџетскиот дефицит бил 40 милијарди долари, што е повеќе од 60%, а сега станува збор за 29 милијарди.
