Кувајт ги подигна цените на дизел и керозин
Кувајт драстично ги зголеми цените на дизелот и керозинот, што се случува првпат во оваа со нафта богата држава.
Кувајтската влада соопшти дека цената на дизелот по литар ќе се зголеми за 19 центи, додека на керозинот за 59 центи. Оваа одлука нема да влијае на промена на цената на водата, електричната енергија или бензинот, кој во оваа земја чини само 22 центи од американски долар за литар.
Кувајт во голема мера ги субвенционира цените на стоките за широка потрошувачка и јавните услуги.
Сепак, властите најавија дека ќе ги укинат субвенциите за керозин за странските авиокомпании кои изведуваат помалку од 5.000 летови годишно од Кувајт.
Заливската земја минатата година формираше посебен комитет за да ги разгледа можностите за намалување на субвенциите, кои годишно го чинат Кувајт 18 милијарди долари или 1/5 од неговиот буџет.
Во април, кувајтската влада пресмета дека доколку се задржат на сегашното ниво, субвенциите би можеле да доведат до дефицит во буџетот за 2017/2018 година. Само со укинување на субвенциите за дизел горивото државата годишно може да заштеди милијарда долари.
Студијата за субвенциите на цената на водата и струјата уште се во тек. Дури 94% од приходите во буџетот Кувајт ги остварува од продажба на нафта.
Слично
