Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кустурица: Крим секогаш бил дел од Русија

Кустурица: Крим секогаш бил дел од Русија

Контроверзниот режисер Емир Кустурица пред да настапи во Јалта со неговиот бенд The No Smoking Orchestra на прес конференција изјави дека Крим секогаш бил дел од Русија.

- Има сили во светот што резиденуваат, но на другата страна пак има сили што сакаат да обединуваат. На жителите на Крим не треба никој однадвор да им кажува како да го изградат својот живот повторно како дел од Русија. Тоа е многу органски процес, посочи Кустурица .

Руските власти посочуваат дека нема да се откажат од Крим само за да се ослободат од санкциите кои им ги наметнаа САД и западните сили. Кустурица инаку е познат како еден од најславните поддржувачи на рускиот претседател Владимир Путин.

Слично

Поврзани вести