Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курц: Австрија би профитирала од европската перспектива на Западен Балкан

Курц: Австрија би профитирала од европската перспектива на Западен Балкан

Австрија би профитирала од европската перспектива на земјите од Западен Балкан, затоа што сме мошне блиску до тој регион, изјави вчера министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц.

Тој во неделната видео порака, во која што одговара на прашањата на граѓаните беше прашан кои следни земји би можеле да и’ пристапат на Унијата и нагласи дека постојат поголем број земји што се во пристапни преговори со ЕУ. Додава дека земјите од Западен Балкан треба да имаат европска перспектива, затоа што само тогаш европскиот мировен проект би бил заклучен.

„Тоа е мошне долг процес и дури кога стандардите, што ги замислува Унијата, ќе бидат исполнети, постои шанса за членство. Австрија би профитирала од европската перспектива на земјите од Западен Балкан, затоа што сме мошне блиску до тој регион. Имаме и голем број компании што се таму активни, така што голем број работни места зависат од тоа. Исто така безбедноста на Австрија е во непосредна зависност од состојбите во Западен Балкан“ - вели тој.

Секое подобрување на Западен Балкан се одразува не само врз нашата економија, туку и врз сигурноста, смета Курц.

Слично

Поврзани вести