Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУРСК: Русија тврди дека вратила под контрола 10 села

КУРСК: Русија тврди дека вратила под контрола 10 села

Русија тврди дека вратила под контрола 10 села во Курск, регион кој на 6 август го окупираа украинските сили. 

Руската армија од украинските сили ја врати контролата врз 10-ина населени места во областа Курск, изјави денеска за ТАСС заменик-началникот на Главната воено-политичка управа на вооружените сили на Руската Федерација и командант на специјалните сили, Ахмат Апти Алаудинов. Тој вели дека состојбата им е добра и дека руските војници се во офанзива. 

Според руското Министерство за вонредни ситуации, над 10.000 евакуирани жители, меѓу кои повеќе од 2.700 деца, се сместени во 200 центри за привремено сместување во 31 руски регион. Украина веќе соопшти дека со окупирањето на Курск сака да ја принуди Русија на преговори и мир. Вчера Украина изведе голем напад со дронови на повеќе руски региони, а во Москва загина жена. 

Слично

Поврзани вести