Курдските борци ги потиснаа екстремистите кај Кобани
Курдските борци успеале да ги потиснат екстремистите од Исламската држава од административниот дел од градот Кобани и сега контролираат 80 отсто од територијата на овој град кој се наоѓа на границата со Турција, соопшти денес Сириската опсерваторија за човекови права.
Оваа организација, чие седиште е во Лондон, навела дека курдските борци, по четиримесечните борби, од џихадистите успеале да ја преземат контролата над целиот административен дел од Кобани, пренесува агенцијата „АФП“.
Според извештаите на опсерваторијата, курдските борци презеле контрола над овие области по жестоки судири кои избиле доцна изминатата ноќ.
Меѓународната коалиција која ја предводат САД соопштила дека врз џихадистите во Кобани извршила најмалку три воздушни напади и дека во нив загинале најмалку 14 екстремисти.
Слично
