Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курдите се мобилизираат за борба против Исламската држава

Курдите се мобилизираат за борба против Исламската држава
Курдската работничка партија (ПКК) го повика курдското население во Турција да се приклучи во борбите против џихадистите во Сирија. ПКК и претходно ги повикуваше Курдите да се борат ротив војската на т.н. Исламска држава, но во последното соопштение на оваа организација се споменува „мобилизација“. Во текот на викендот, најмалку 300 курдски борци од Турција се префрлиле во Сирија „за да им помогнат на своите браѓа во Ајн ел Араб, третиот по големина курдски град, на кој му се заканува војската на Исламската држава“. Според информациите од турските власти. повеќе од 130.000 Курди од Сирија во последните неколку дена пребегале во Турција, бегајќи од нападите на воените сили на „Исламската држава“.
Слично

Поврзани вести