Курдите напредуваат – Го освоија ридот над Кобани
Курдските борци кои војуваат против екстремистите на Исламската држава во Кобани на сириско – турската граница го освоија стратешкиот рид над градот, пренесува „Би Би Си“.
Сириската опсерваторија за човекови права и локалните претставници навеле дека курдските единици по жестоките борби успеале да ја преземат контролата над ридот Миштенур, од каде има прекрасен поглед на градот.
Набљудувачите од Опсерваторијата за човекови права навеле дека со освојувањето на овој рид била пресечена клучна рута за снабдување на Исламската држава во внатрешноста на фронтот.
Во борбите, како што соопштуваат од Опсерваторијата, биле убиени 11 борци на Исламската држава, а била запленета и огромна количина оружје и муниција.
Џихадистите од септември се обидуваат да го освојат Кобани, но тука наидоа на силен отпор од страна на курдските борци.
Курдските единици претходната недела напредуваа со поддршка на воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД врз положбите на Исламската држава.
Слично
