Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУРДИТЕ ИМ НАЈАВИЈА ОДМАЗДА НА ЏИХАДИСТИТЕ: Сега ќе ви влеземе во сите места!

КУРДИТЕ ИМ НАЈАВИЈА ОДМАЗДА НА ЏИХАДИСТИТЕ: Сега ќе ви влеземе во сите места!

Сиријските курдски лидери го осудија нападот во Орландо во кој загинаа најмалку 50 цивили и ветија дека ќе и се одмаздат на Исламска држава во Сирија.

„Го изразуваме нашето сочувство до американскиот народ“, рекол Ибрахим Курдо, шеф на надворешните работи во Кобане.

„Сочувствуваме со вас.Тоа што се случи во Белгија и Франција, се случи и во Кобане“, рекол курдскиот претставник.

„Ние сме против оваа идеологија која му се заканува на цел свет и нема граници“, рекол тој.

„Ние сме тие кои веруваат во братство и затоа светот треба да не поддржи во борба против тероризмот. И се спротивставуваме на оваа терористичка група и ќе се бориме против тероризмот во нивните жаришта“, додал тој.

Инаку, воениот совет на Манбија на 31 мај е поддржан од страна на сириските демократски сили да покрене офанзива за завземање на овој град со цел да се затвори 98 км долгиот џеб на сириско-турската граница, која долго е користена од страна на ИД како транзитна точка за премин на џихадистите кои оделе на Запад.„Веруваме дека напаѓачите на Париз и Брисел поминале преку оваа област-од Рака до Манбија, а потоа во главните градови организирале напади. Затоа мораме да работиме со силите на терен да ја затвориме оваа област“, изјавил во петокот специјалниот претставник на Глобалната коалиција против Исламска држава Брет Мек Гурк.
Слично

Поврзани вести