Курц тврди дека до летото ќе ја победат пандемијата
Летото 2021 ќе ја победиме пандемијата, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц им се обрати денес на граѓаните по повод Божиќ.
Вели дека 2020 година беше многу тешка и дека првите месеци од идната година ќе бидат вистински предизвик.
„Им благодарам на сите за вашиот придонес што го дадовте. Без оглед дали станува збор за луѓето што работат, бизнисмените што го даваат својот придонес економски да минеме низ кризата, семејствата што успеаја да се снајдат преку работа од дома, како и децата, кои учеа од дома и, нормално, сите што се ангажираат околу другите луѓе, го даваат својот придонес, како непрофитните организации, така и болниците“, кажа тој.
Курц додаде дека Австрија на лето ќе може да се врати на нормалноста. Во Австрија од коронавирусот починаа над 5.700 луѓе.
