Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУРЦ ПРЕДЛАГА: Да се намали социјалната помош за мигрантите

КУРЦ ПРЕДЛАГА: Да се намали социјалната помош за мигрантите

Треба да се намали социјалната помош за мигрантите, изјави денеска австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц. 

Планот е да се намали исплатата на бегалците на 560 евра месечно по лице, што е околу половина од сумата која се смета за праг на сиромаштијата според консензусот на 40 социјални групи. Исплатата по домаќинство би била ограничена на 1.500 евра, пренесува Ројтерс.

31-годишниот Курц укажува дека многу луѓе добиваат помош, без да плаќаат ништо за општествениот систем. 

Десетина илјади луѓе од Блискиот исток, од Авганистан и од Африка стигнале во Австрија изминатите две години. Со тоа се зголемени јавните трошоци на социјална помош и зголемена е поддршката на креаторите на политиката кои заговараат намалување на миграцијата. 

Три провинции во Австрија воведоа слични прописи, како што се предлозите на Курц. Но, УНХЦР предупредува дека со намалување на исплатата на мигрантите се крши европското и меѓународното право. 

Изјавата Курц ја дава непосредно пред општите избори кои треба да се одржат на 25-ти октомври , а на кои тој се најавува како фаворит.

Социолозите прогнозираат дека партијата на Курц ќе освои 33% од гласовите, наспроти 25% за екстремно десничарската слобода и социјалдемократите на канцеларот Кристијан Керн.

Слично

Поврзани вести