Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курц повтори дека нема да дозволи Авганистанци да допатуваат во Австрија

Курц повтори дека нема да дозволи Авганистанци да допатуваат во Австрија

Австрија нема да дозволи бегалци од Авганистан да дојдат во земјата. Ова го тврди австрискиот канцелар Себастијан Курц во интервју за германската телевизија „Билд“. 

Курц вели дека ќе ги искористи сите средства за да спречи повторување на бегалскиот бран во 2015 година.

За разлика од 2015 година,  владите на Грција и Турција треба да спречат бегалците да не дојдат во Европа.  Курц рече дека е подобро да им се обезбеди помош на Авганистанците на лице место.

„Важно е луѓето во Авганистан да се снабдуваат и ние ги поддржуваме хуманитарните напори“, изјави Курц.

Вели дека погрешно е ако страшната ситуација во Авганистан предизвика неконтролирана миграција во Европа, во која само шверцерите ќе заработат пари, а луѓето ќе умрат на море.

Тој и претходно, кажа дека нема да примаат луѓе од Авганистан затоа што тие тешко се интегрираат во Австрија. 

Слично

Поврзани вести