КУРЦ НЕМА ДА ПРИМА АВГАНИСТАНЦИ: Tие имаат проблем да се интегрираат во австриското општество
Австрија не сака да прими бегалци. Австрискиот канцелар Себастијан Курц вели дека не сака да прима нови бегалци од Авганистан и покрај тоа што земјата ја презедоа Талибанците.
Курц постојано ја отфрла можноста да прими уште Авганистанци.
„Нема да има такво нешто додека јас сум канцелар“, вели Курц
Вели дека тие имаат проблем да се интегрираат во австриското општество и тоа е проблем за нив. Курц е свесен дека Талибанците се сурови и дека условите за живот во Авганистан се ужасни, но вели дека меѓународната заедница треба да направи сè што може да ја подобри ситуацијата. Сепак, вели тоа не зависи многу од Австрија, и ги повика соседните земји како Туркменистан и Узбекистан да му помогнат на Авганистан. Во Австрија веќе има 40 илјади Авганистанци, што е втора најголема авганистанска заедница во ЕУ според бројот на популацијата во земјата.
Словенија најави дека ќе прими најмногу 5, Естонија 10 луѓе од Авганистан. Албанија ќе прими 2.000 до 3.000.
Слично
