Курц ја предупреди Европа, но и светот: Пандемијата нема да помине до летото
Австрискиот канцелар Себастијан Курц посочува дека најголем приоритет на национално и европско ниво, како и глобална вакцинација на населението е да можеме да се вратиме во нормала.
Синоќа, во говорот на доделувањето на наградите „Аксел Спрингер“ во Берлин, посветен на основачите на Бионтек - Угур Сахин и Езлем Тиречи, Курц рече дека само ако успее да се вакцинира мнозинството од населението до летото, можно е враќање на нормалата до летото.
„Сите знаеме дека оваа пандемија нема да помине на лето“, нагласи тој, додавајќи дека ризикот од нови мутации е реален и дека затоа е сигурно дека вакцините ќе мора да се прилагодат.
Курц истакна дека историјата на човештвото е историја на напредок.
„Сепак, тој пат никогаш не бил лесен. Отсекогаш имало трагедии, како што се природни катастрофи, војни или пандемии“, истакна Курц.
Тој рече дека минатата година, човештвото се потсетило на ризиците, трагедиите и моќта на напредокот.
„На почетокот на 2020 година, малкумина од нас можеа да предвидат колкава глобална криза ќе предизвика вирусот корона“, рече Курц.
Тој посочи дека короната влијаеше на сè, лично, економски и политички.
„Сепак, добрата вест е дека светлото на крајот од тунелот е се поблиску“, рече Курц и потсети дека не само короната се ширела толку брзо, туку и научниот напредок.
„Еден ден ќе погледнеме назад и ќе видиме дека д-р Сахин и д-р Тиречи го сменија светот на подобро“, заклучи Курц.
