Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курц: Исламот е признат во Австрија, но не и радикализмот

Курц: Исламот е признат во Австрија, но не и радикализмот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, познат по своите тврди ставови кон наездата на мигранти за време на бегалската криза, сега истакна дека нема ништо против исламот како религија која е целосно призната во Австрија, но нема никаква толеранција кон радикалното размислување и политичкиот ислам.

- Во нашата држава постои слобода на вероисповед и секој треба да ја практикува својата вера, но нема толеранција кон радикалниот и политичкиот ислам - нагласи Курц и  потенцираше дека во Австрија уште од 1912 година исламот е призната вера.

Вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе даде нешто поостра изјава за исламот во Австрија. Тој оцени дека исламот не е дел од неговата земја, барем не од историски аспект.

- Не, исламот не е дел од Австрија. Во централна Европа имаме христијанско-еврејско обележје. Но, граѓаните од исламски вероисповед денес се дел од општеството - изјави Штрахе за австриските медиуми по повод 100 дена од работата на новата Влада.

Слично

Поврзани вести