Курц има џокер во Египет и ја спасува Европа од емигрантска наезда
Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја повика Европската унија денес да започне разговори со Египет со цел да се намали бројот на мигранти што доаѓаат во Европа од Африка.
- Египет покажа дека може да биде ефикасен во спречувањето на луѓето да го напуштат египетското крајбрежје во потрага по подобар и побезбеден живот во Европа, рече Курц.
Канцеларот на Австрија, кој претседава со Унијата, и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, неодамна го посетија Каиро каде што разговараа со претседателот Абдел Фатах ал-Сиси.
"Египет е подготвен да ја продлабочи соработката ... Треба да ја искористиме оваа можност", рече Курц.
Слично
