КУРЦ ГО КАЖА ОНА ШТО СИТЕ ГО МИСЛАТ: Еве кој е губитник од изборите во Франција
Етаблираните партии се главни губитници на изборите во Франција, соопшти вчера австрискиот шеф на дипломатијата, Себастијан Курц.
Ако не се променат ќе паднат од власт, вели тој.
Курц вели дека граѓаните на Франција покажаа дека не сакаат да ја поддржат досегашната политика.
Тој не очекува изненадувања во вториот круг и вели дека сака Франција да работи и соработува за промени во ЕУ, а не да работи на нејзино уништување.
„Секако дека е важно да постои проевропска Франција“ - вели Курц.
Ултра десничарката Марин Ле Пен и проевропскиот Емануел Макрон, влегоа во вториот круг кој ќе се одржи на 7 мај.
Слично
