Курц: ЕУ треба да ги прекине преговорите со Турција
Себастијан Курц во интервју за германскиот весник Welt am sontag вели дека Брисел треба да заземе појасен став во однос на Турција, која се повеќе се дистанцира од Европската унија. Првиот дипломат на Австрија не се откажува од својата замисла дека треба да се прекинат преговорите за членство на Турција во Европска унија.
„Мојата прогноза дека Турција ќе се оддалечува од Европа се оствари“, вели Курц и додаде дека наместо да ѝ се предлага членство на Турција во ЕУ, Брисел треба да заземе појасен став кон Анкара и да се стреми единствено кон нормална соработка со неа.
„Ние не можеме да дозволиме да бидеме зависни од Турција“, потенцира Курц осудувајќи ги масовните откази и апсења во Турција по минатогодишниот неуспешен обид за воен удар.
