Курц: Чекаме дозвола од Европската агенција за да проозведуваме руска и кинеска вакцина
Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека за Австрија е прифатливо да произведува руски и кинески вакцини за Ковид-19 и дека во моментов се чека дозвола од Европската агенција за лекови.
Ова шефот на австриската влада го потврди во интервју за германски Welt am Sonntag, каде истакна дека Австрија нема ништо против опцијата да започне производство на вакцини Спутник В и Синовац.
- Откако вакцините ќе бидат одобрени во ЕУ, Австрија дефинитивно ќе се обиде да обезбеди производни капацитети во државните компании со цел да обезбеди доволен број руски и кинески вакцини на нашите граѓани, смета Курц.
Според Курц, здравјето на граѓаните има пошироко значење од идеолошко-политичките ориентации и блокови и ја искритикува Европската агенција за лекови дека процесот на одобрување вакцини за европскиот пазар е премногу бавен поради бирократските процедури.
- Во овој случај, потребно е да се добијат безбедни и тестирани вакцини што е можно поскоро, без оглед кој стои зад нив. Кога станува збор за вакцините, важна е брзината, безбедноста и ефикасноста, а не сегашните геополитички конфликти, вели тој.
