Купувајте злато!
По достигнатиот четиригодишен минимум при ниво од 1 179 долари, постигнат на 28 јуни, златото покажува одредена сила и раст од над 15% за последниот месец - до сегашното ниво од 1 360 долари за унца.
Затоа во писмо до своите клиенти, од американската инвестициска банка JPMorgan препорачуваат да се купува златото при растот.
Според банката, златото е поддржана во одреден степен од сезонските фактори поврзани со зголемена побарувачка во август-септември, потпомогната од Индија. Тоа е најголемиот златен пазар, кој придонесува за 28% во однос на физичкото купување на благородниот метал.
Од инвестициската банка препорачуваат држење на златото четири до пет недели додека трае златниот форум во Денвер меѓу 22 и 25 септември.
„Кина и Индија остануваат најголемите физички купувачи на металот. Август и септември се традиционално добри месеци за купување поради локалните празници и фестивали низ овие месеци ", коментираат од американската банка.
Слично
