Купувајте само американски производи
Американски трговски синџир „Wal-Mart“ се надева дека ќе успее да ги поттикне граѓаните да купуваат само производи произведени во Соединетите Американски Држави.
Најголемиот светски малопродажен ланец во четвртокот приреди „самит“ за продавачи, добавувачи и локалните власти во надеж дека преку патриотизмот кај клиентите ќе се врати индустријата во САД.
Оваа кампања може да послужи и за подобрување на угледот на компанијата која е постојано на удар на јавноста поради игнорирање на правата на вработените и малите плати, па оттука важи и за компанија која “уништува“работни места.
Некои експерти укажуваат дека тоа е „Wal-Mart“пред две децении ја предводеше индустриската миграција од САД во Кина и други земји во потрага по најевтиниот труд.
Сега директорите се колнат дека ова не е само маркетинг кампањ, па ќе ги анализираат сите 1300 категории на производи кои ги држат на рафтовите- од крпи до електроника, за да се утврди што од тоа може да биде произведено во Соединетите Американски Држави.
Покрај тоа, трошоците за работна сила се зголемија и во Азија, а доставување стока оттаму е поскапо, бидејќи цената на нафтата и останатите трошоци за транспорт, растат. Затоа велат од компанијата, неколку производители откриле дека одредени видови стоки чие производство се прави во странство сега престанува да им дава профит.
Слично
