Економија, финансии, бизнис

Контакт

Купувајте македонски производи отсега и во Дубаи – отворен првиот EuroBalkan Shop

Купувајте македонски производи отсега и во Дубаи – отворен првиот EuroBalkan Shop
EuroBalkan Shop – првиот супермаркет со македонски производи на Блискиот Исток се отвори минатиот викенд во Дубаи. Cупермаркетот во својата понуда вклучува многу македонски производи и брендови. Ова е имено и прв ваков супермаркет на Блискиот Исток. Со неговото отворање, нашите кои живеат во ОАЕ сега имаат можност да вкусат македонска храна во секој момент, а македонските производители пак добиваат можност за извоз и пласирање на производите на нов пазар со голем потенцијал. Ајварот, малиџаното и џемот од кајсија на ДИЕМ, ред производи на ВИПРО, познатите корнишони на Македонија, пиперчињата со капер на АГРОНОВА се само дел од македонските производи и брендови кои од минатиот викенд се продаваат во Дубаи, во новоотворениот EuroBalkan Shop. Сите овие македонски производи и брендови се појавуваат за првпат на пазарот на Блискиот Исток благодарејќи на EuroBalkan Shop. „Долго време се подготвувавме и вложивме многу труд, но конечно успеавме да донесеме на пазарот во ОАЕ некои од главните македонски производи. Нашата дијаспора во Емиратите во последните неколку години е зголемена, а со тоа и потребата за вкусот на нашето поднебје. Овој супермаркет ќе одговори токму на овие потреби на нашите овде. Од друга страна пак, со овој потег им отвараме можност и на нашите производители од Македонија за извоз и пласирање на своите производи на уште еден голем пазар како што се Блискиот Исток и Северна Африка. Ние не планираме тука да застанеме. Ќе се обидеме да ја зголемите разновидноста на нашите брендови во EuroBalkan Shop и ќе се обидеме да го запознаеме овој пазар со квалитетот на нашата домашна храна“ – изјави Жарко Ацковиќ, еден од сопствениците на EuroBalkan Shop во Дубаи. На полиците на EuroBalkan Shop можат да се најдат и производи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија. Отварањето на EuroBalkan Shop не само што ги привлече нашите луѓе кои живеат во Емиратите, туку привлече и локални жители кои се љубопитни за вкусот на нашата храна. На свеченото отварање присуствуваа и официјални претставници на Обединетите Арапски Емирати, како и претставник на новоотворената Амбасада на Република Србија во ОАЕ.
Слично

Поврзани вести